|
Прес
конференција на
Роамфри (25.10.2007)
|
|
И МАКЕДОНЦИТЕ
СЕ ЕВРОПЈАНИ
|
 |
На 25.10.2007 година Роамфри организираше конференција за медиуми на која ги презентираше
новините од своето работење, меѓу кои е и постигнатиот договор со Он.нет за деловно
техничка соработка кој овозможува минута разговор од Македонија со Роамфри број
да чини 15 денари. Пред голем број новинари од печатените и електронските медиуми
за Роамфри, бенефитот кој го имаат граѓаните од појавата на ваквата интернационална
СИМ картичка во Македонија, како и за најновиот договор со Он.нет зборуваа оперативниот
директор на Роамфри, Камелија Левенска Николовска, Џорџ Елијакопулос кој е дел од
Интернационалниот Роамфри тим, како и Дејан Милевски, заменик генерален директор
на Он.нет и Сашко Србаков, директор за деловен развој во истата компанија.
Оперативниот директор на Роамфри, Камелија Левенска Николовска меѓу другото рече
дека сме се поблиску до европските земји по бројот на мобилните оператори, кои во
трката за конкурентност почнаа да ги намалуваат цените на националните рзговори.
Сепак, сеуште не сме доволно европјани кога станува збор за роамингот, кој од една
страна е недоволно јасен, а од друга и скап.
|
 |
-“За Македонецот да се чувствува како Европеец, не значи дека треба да плаќа поскапо,
туку да е слободен да излезе од границите и да ги ужива истите или приближно истите
привилегии, да биде во контакт со семејтвото, со деловниот свет, со пријателите,
а не да го исклучува телефонот, да не одговоара на најголемиот дел дојдовни повици
или да одговара кусо – “во странство сум”, истакна Левенска Николовска. Таа ги презентираше
и податоците од едно минатогодишно истражување направено во земјите на Европската
Унија врз речиси 25.000 испитаници. Резултатите покажале дека 44 отсто од европејците
патувале во странство во последната година, но 81 отсто го користеле мобилниот телефон
само во ретки случаи токму поради високите роаминг цени, 15 отсто ги исклучувале
своите телефони кога се во странство, 43 отсто се изјасниле дека не им се јасни
роаминг трошоците, а 70 отсто одговориле дека би сакале да се намалат роаминг цените.
Од овие причини и Европската комисија им наложи на мобилните оператори од Унијата
да ги намалат цените на роаминг услугите при што максимална дозволена цена за појдовен
повик може да биде 0,49 евра, а за дојдовен 0,24 евра. Појавата на Роамфри всушност
значи појава на вистинска конкуренција во делот на роамингот во Македонија бидејќи
со интернационалната при-пејд СИМ картички на Роамфри се добиваат драстично поевтини
разговори во странство и може да се користи во 144 земји.
|
 |
Посебен бенефит е што во 56 земји (повеќето земји од ЕУ и најчестите патувачки дестинации)
дојдовните повици се бесплатни, односно истите паѓаат на сметка на оној кој бара.
Истовремено, ако се повикува Роамфри број во рамките на оваа зона, тарифата е неменлива.
Сево
ова го потврди и Џорџ Елијакопулос кој е дел од Интернационалниот Роамфри тим кој
исто така ги истакна бенефициите што Роамфри им ги носи на македонските граѓани.
Господинот Елијакопулос нагласи дека роаминг картичките се тренд во мобилната телефонија
во светот и секаде носат поповолни услови за роаминг од домашните оператори.
Ако
е евидентно дека цените на роаминг услугите на Роамфри се далеку пониски од оние
на постојните мобилни оператори во Македонија, единствена забелешка која беше давана
досега беше врзана за цената на дојдовните повици, а што зависеше од Македонски
Телекомуникации како и од двата мобилни оператори кои имаат исклучително високи
цени на меѓународните разговори. Меѓутоа, Он.нет од пред некој месец стана алтернатива
во фиксната телефонија и почна да нуди поевтини меѓународни разговори.
|
|
|
Во тие рамки овој оператор утврди и посебна цена за вртење кон Роамфри број од Македонија
која изнесува 15 денари за минута. Притоа, корисникот единствено што треба да направи
е да склучи договор со Он.нет за услугата 1010 со што се регулира само плаќањето
на телефонските сметки. Во прилог на ова зборуваше заменикот генерален директор
на Он.нет Дејан Милевски кој ја поздрави пионерската иницијатива на Роамфри за донесување
на оваа можност за поефтин роаминг на македонските граѓани кои патуваат во странство,
на што Он.нет се придружува со својата понуда за ефтина конекција од Македонија
кон Роамфри број, што ја прави оваа заедничка понуда на Роамфри и Он.нет, најевтина
за меѓународни разговори. Во прилог на корисниците, а како дел од партнерството
меѓу Роамфри и Он.нет во продажните салони на Роамфри ќе можат да се купат Роамфри
СИМ картички и ваучери, а во оние на Роамфри ќе можат да се склучуваат договори
и за интернет услугите на Он.нет.
Роамфри е млада компанија со одбрани експерти
во различни области, се работи тимски, со ентузијазам и во позитивна атмосфера.
Нашата цел е да придонесеме
во слободата на комуникација на македонските граѓани
надвор од границите на нашата земја, која не треба да биде ограничена од високите
цени на роамингот на домашните оператори.
Роамфри припеид картичка е наменета за
сите кои патуваат во странство заради работа, студии, забава, прошетка, со неа веруваме
дека ќе помогнеме во планирање и заштедување на семејните и компаниски буџети, во
прилог на македонските граѓани.
|
 |
|