
Нашата мисија
Нашата мисија е надминување на границите во комуникацијата кога сте во странство
со едноставен, евтин и лесно употреблив производ за роаминг.
И Македонците се Европејци - е една од нашите водечки пораки, а Европа веќе
заклучи дека операторите кои прават голем профит ставаат граници на
комуникацијата ( повеќе од 80% од луѓето кои патуваат не ги користат своите
мобилни телефони поради високите цени за зборување и нејасноста во тарифитање).
Разговори без граници - е нашиот слоган, во кој е содржана мисијата
на РОАМФРИ. |
|
Нашата визија
Во време на чести и олеснети патувања, како и во време на отворени граници, потребата од поекономична комуникација станува сѐ
поголема. Без разлика дали станува збор за приватни или патувања од деловен карактер, ефтината мобилна телефонија е таа што ги прави луѓето порелаксирани да комуницираат меѓу себе и кога се надвор од границите на својата земја.
Наметливоста на мобилните оператори, високите цени и нејасноста во тарифирањето се причина повеќе луѓето да не ги користат своите мобилни телефони при патувањата во странство.
Роамфри е компанија која се појави на пазарот со цел да ја направи оваа комуникација поефтина и поедноставна. Постојаната оптеретеност со цените кои мобилните оператори ги нудат и наметнуваат во државата каде што се наоѓа корисникот, Роамфри ја надмина на брз и едноставен начин. Со нашата СИМ картичка на корисниците им нудиме единствени цени и можности.
Роамфри станува сѐ подостапен за своите корисници како во Република Македонија така и во повеќе земји од Балканот. |
Глобален оператор кој функционира како локален
Ова е наједноставен начин да се разбере функционирањето на Роамфри. Со Роамфри СИМ картичката цените се ниски, прифатливи и непроменливи, без разлика на тоа од и до која дестинација е упатен повикот.
Бесплатните дојдовни повици во 63 држави надвор од границите на Република Македонија го прави Роамфри единствен на пазарот за роаминг мобилна телефонија. |
|
|
Нашиот тим
Нашиот тим е составен од врвни професионалци кои постојано работат на свое усовршување и на усовршување на технологиите за поедноставна и поквалитетна комуникација. Иновативните идеи на Роамфри допринесуваат пласирање новитети, интересни и прифатливи понуди за секој корисник на мобилната телефонија.

Правиме сѐ
нашата компанија да стане симбол за препознатливост, достапност и економичност.
Роамфри постои и се развива, постојано усовршува и модифицира имајќи ја во својот фокус исклучиво потребата на крајните корисници...
|
|